П.К. „Јелак“ од Тетово, на 10.05.2015. (недела) организира еднодневна лесна планинарска тура до Белојшки водопади.
Информации:
078225034 - Цули
070541763 - Спиро
071663207 - Бошко
https://www.facebook.com/events/1404749956515249/
Стартно место на турата е с.Белојште, а превозот до таму од Тетово е организиран со поаѓање во 08:00 од пред Центарот на култура (Градска библиотека). Сите заинтересирани, пожелно е да бидат таму барем 10-тина минути пред тоа.
Цената во двата правци вкупно чини 100 денари.
Враќањето кон Тетово, според планираното, би било околу 15:00 - 15:30 попладне.
Движењето е претежно низ шумски предел. Пожелни се зимски обувки - чизми, и удобна повеќеслојна облека. Задолжително во ранец лесна храна, течности, и ветровка или кабаница.
No comments:
Post a Comment